Започна поставувањето на опремата во фитнес зоната во паркот PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 03 Април 2017 12:36

Екипа на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска започна со монтажа на опремата во фитнес зоната во големиот градски парк. Според информациите од Ленче Гудева раководител на единицата „Зеленило“, фитнес зоната ќе има вкупно осум разновидни справи, а целата површина ќе биде покриена со вештачка трева. Со реализацијата на овој проект струмичани добиваат уште едно прекрасно катче за рекреација во прекрасниот градски парк.


 
Во вчерашната акција „За чиста струмичка пролет“ подигнати 127 метри кубни отпад PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 03 Април 2017 10:46

Традиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места која годинава, јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица ја реализираат под мотото „За чиста струмичка пролет“, според месечниот план, се реализираше во текот на вчерашниот ден. Бранко Горѓиев, раководител на работната единица „Чистота“ информираше дека од 44-те улици во градот кои вчера беа опфатени во акцијата, подигнати се вкупно 127 метри кубни разновиден отпад, градежен шут, суви гранки, стар мебел и други предмети од домаќинствата.

 
Квартален извештај за работата на овластениот инспектор за патен сообраќај на општина Струмица за период од 01.01.2017 до 31.03.2017 година PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 03 Април 2017 08:44

Во текот на извештајниот период Овластениот инспектор за патен сообраќај

изврши 43 контроли, и тоа на моторни возила и правни лица со кој се врши јавен превоз на патници во патниот сообраќај кој поседуваат лиценца за работа и при тоа констатираше дека:

 
Започна изградбата на фитнес зоната во големиот градски парк PDF Печати Е-пошта
Петок, 31 Март 2017 14:33

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започна со изградбата на фитнес зоната во големиот градски парк, веднаш до обновеното детско игралиште. Зоната опфаќа површина од 10 на 14 метри која што ќе биде покриена со вештачка трева, а ќе бидат поставени осум фитнес справи. 

 
Во акцијата „За чиста струмичка пролет“ во недела ќе бидат опфатени 44 улици во градот PDF Печати Е-пошта
Петок, 31 Март 2017 13:43

Tрадиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“, а која започна минатата недела, продолжува и во недела (02.04.2017година). Во акцијата ќе бидат опфатени вкупно 44 улици во градот:

 
Паркиралишта“ започна со пролетното одржување на хоризонталната сигнализација PDF Печати Е-пошта
Петок, 31 Март 2017 11:23

Јавното претпријатие „Паркиралишта“ започна со пролетното одржување на хоризонталната сигнализација во централното градско подрачје. Со обележувањето најпрво се опфатени пешачките премини, разделните и осовинските линии и паркинг местата. По завршувањето во центарот на градот, обележувањето ќе продолжи пред основните и средните училишта, градинките и во периферните делови на градот. Според Верица Узунова, директор на Јавното претпријатие „Паркиралишта“, со овој прв, односно, пролетен и со есенскиот дел, во оваа 2017 година ќе бидат обележани вкупно 7 илјади метри квадратни хоризонтална сигнализација.


 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 6 од 14
 

Прашајте го градоначалникот
Средба со градоначалникот


Струмица се сака со дела



Ободен канал проект за
долги години спокојни граѓани


  Огласна табла


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 42 урбана единица 5 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 30 урбана единица 4 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 14 урбана единица 2 во Струмица линк


сите огласи...


        Буџет 2017


Буџет на општина Струмица за 2017 година


Буџет на општина Струмица за 2016 година


Буџет на општина Струмица за 2015 година


Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница



Пријави корупција


СИСТЕМ48

Социјална карта




Е - Информатор