Снежните врнежи во јануари предизвикаа вкупна штета од над 7 милиони денари PDF Печати Е-пошта
Вторник, 28 Март 2017 13:18

Комисијата за проценка и утврдување на висината  на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при општина Струмица го заврши извештајот за штетите предизвикани од снежните врнежи ноќта помеѓу 19 и 20 јануари оваа година.По временската непогода до Комисијата беа поднесени 94 барања за проценка на штетата од кои 55 од населеното место Куклиш, 10 од Муртино, 12 од Баница, 5 од Банско, 3 од Габрово, по 2 од Дабиле, Сачево и Водоча и едно барање од Раборци.

 
Во првиот ден од акцијата „За чиста струмичка пролет“ собрани 81 метар кубен отпад PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 27 Март 2017 13:12

Првиот ден од традиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“ заврши успешно. Според информациите од Бранко Горѓиев, раководител на работната единица „Чистота“ на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, во текот на вчерашниот ден од населбите Карпош и Чифлик каде што се спроведуваше акцијата, подигнати се 81 метар кубен разновиден отпад, градежен шут, суви гранки, земја и стар мебел.


 
Претставници на општина Струмица на работилница „Развивање на индикатори за следење на состојбата со децата жртви на насилство“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 27 Март 2017 12:09

Претставници од општина Струмица учествуваа на еднодневна работилница за  развивање на индикатори за следење на состојбата со децата жртви на насилство, а во рамките на проектот имплементиран од УНИЦЕФ и Советот за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци.


 
Успешен старт на акцијата за генерално чистење на градот „За чиста струмичка пролет“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 27 Март 2017 07:19

Успешно започна денеска традиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“. Уште од раните утрински часови со повеќе видови на возила и механизација и поголем број вработени Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ е на терен во населбите Карпош и Чифлик. Таму се чистат тротоарите и улиците, а се уредуваат зелените површини.

 
Од населбите Карпош и Чифлик во недела започнува акцијата за генерално чистење на градот PDF Печати Е-пошта
Петок, 24 Март 2017 15:21

Јавното претпријатие за комунални дејности и општина Струмица ги известуваат граѓаните дека започнува традиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места под мотото „За чиста струмичка пролет“. Акцијата ќе започне во недела на 26 март од населбите Карпош и Чифлик. Вработените во „Комуналец“ ќе ги чистат улиците и ќе ги уредуваат зелените површини во овие делови на градот, а во акцијата треба да се вклучат и граѓаните. 

 
„Комуналец“ го обновува детското игралиште во паркот PDF Печати Е-пошта
Петок, 24 Март 2017 13:33


Децата од градот ќе добијат уште едно прекрасно катче во големиот детски парк. Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ деновиве почна со обновување на детското игралиште на кое играчките беа веќе дотраени. Според Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“ ќе бидат поставени вкупно 18 нови разновидни играчки наменети за деца од помала возраст. Во близина на детското игралиште планирана е фитнес зона во која ќе бидат поставени 8 фитнес справи. Според најавите од „Комуналец“ поставувањетоќе се реализира во текот на идната недела.


 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 8 од 14
 

Прашајте го градоначалникот
Средба со градоначалникот


Струмица се сака со дела



Ободен канал проект за
долги години спокојни граѓани


  Огласна табла


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 42 урбана единица 5 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 30 урбана единица 4 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 14 урбана единица 2 во Струмица линк


сите огласи...


        Буџет 2017


Буџет на општина Струмица за 2017 година


Буџет на општина Струмица за 2016 година


Буџет на општина Струмица за 2015 година


Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница



Пријави корупција


СИСТЕМ48

Социјална карта




Е - Информатор