Во денешната акција заловени се десет кучиња скитници PDF Печати Е-пошта
Среда, 01 Март 2017 15:49

Денеска беше спроведена третата акција на заловување на кучиња скитници во општина Струмица во која беа заловени 10 кучиња, а кои согласно Законот за заштита и благосостојба  на животните, истите ќе бидат хумано третирани. Заловувањето го врши АД ветеринарно сточарски центар  „Тодор Велков“ од Куманово со кое согласно тендерската постапка општина Струмица склучи договор за заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња.

 
Ќе се промовира Водич низ услугите и постапките на општина Струмица PDF Печати Е-пошта
Среда, 01 Март 2017 11:28

Центарот на заедницата на општина Струмица заврши со изработката на Водич низ услугите и постапките на општина Струмица кој беше изработен со цел полесно снаоѓање низ администрацијата на општина Струмица и разбирање на општинските услуги, како и намалување на бирократските процеси. Овој Водич се реализираше како последна активност на Центарот на заедницата на општина Струмица за 2016 година.

 
Ученици од СОУ „Никола Карев“ заминаа на размена на искуства во Атина PDF Печати Е-пошта
Среда, 01 Март 2017 11:26

Средното општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица, аплицираше за учество во  ВЕТ проектот „Иновативна обука за ученици автомеханичари“, финансиран преку програмата Еразмус +, а одобрен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност кој што ќе се реализира во периодот од 01.03.2017 до 15.03.2017 година во Атина, Грција.

 
Се одржа тркалезна маса за заштита од дискриминација на локално ниво PDF Печати Е-пошта
Среда, 01 Март 2017 08:36

Во салата на Советот на општина Струмица, денеска, се одржа тркалезна маса за заштита од дискриминација на локално ниво и промоција на кампањата „Ако е вообичаено не значи дека е праведно. Три пати мери, еднаш сечи, но никогаш не дискриминирај“. Според Нела Масалковска, координатор на проектот од општина Струмица, тркалезната маса се одржа во заедничка организација со ХЕРА и Коалицијата сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, а со цел да се промовира видео спотот од кампањата против дискриминација и формирањето на локалното координативно тело за заштита од дискриминација.

 
Доделени наградите на најдобрите афоризми и карикатури PDF Печати Е-пошта
Среда, 01 Март 2017 08:34

Во центарот за култура „Антон Панов“ синоќа беа доделени наградите на најдобрите афоризми и карикатури по распишаниот конкурс во рамките на 18-от фестивал за афоризам и карикатура, а кој финансиски е поддржан од општина Струмица. Оваа година  пристигнале 200 карикатури од 30 држави и 400 афоризми на автори од десетина држави.

 
«ПочетокПред11121314СледноКрај»

Страница 14 од 14
 

Прашајте го градоначалникот
Средба со градоначалникот


Струмица се сака со дела



Ободен канал проект за
долги години спокојни граѓани


  Огласна табла


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 42 урбана единица 5 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 30 урбана единица 4 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 14 урбана единица 2 во Струмица линк


сите огласи...


        Буџет 2017


Буџет на општина Струмица за 2017 година


Буџет на општина Струмица за 2016 година


Буџет на општина Струмица за 2015 година


Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница



Пријави корупција


СИСТЕМ48

Социјална карта




Е - Информатор