Противпожарната единица минатата недела имала 18 интервенции PDF Печати

Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица минатата недела имала вкупно 18 технички и интервенции за настанати пожари. Најголем дел од интервенциите се гаснење на опожарена површина со сува трева, а се интервенирало и гаснење на дива депонија, отпаден материјал, гаснење на запалена електрична разводна табла во колективна станбена зграда, запален оџак во индивидуална семејна куќа и други интервенции. Бидејќи најголем дел од интервенциите се гаснење на запалена сува трева, од Територијалната професионална противпожарна единица апелираат до граѓаните да бидат повнимателни за да не бидат предизвикани последици од пошироки размери.


 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи