2010-2-6 PDF Печати

19.02.2010 | Јавен повик за прибирање проекти заради зголемување на зелените површини во Општина Струмица.
Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица (Службен гласник на Општина Струмица бр 5/06), Градоначалникот на Општина Струмица објавува јавен повик. Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата на граѓани, Фондации и...

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник  на Општина Струмица„ бр5/06),  Градоначалникот на општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за прибирање проекти заради зголемување на зелените површини во Општина Струмица од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица во рамките на стратешките - развојни документи на општината, финансирани од Буџетот на Општина Струмица за 2010 год.
Финансиските средства предвидени во Програмата ЈМ, Паркови и зеленило од Буџетот на Општина Струмица за 2010 година, ќе се доделуваат еднократно по проект на Здрженија на граѓани,Фондации и Еколошки друштва заради зголемување на зелените површини во  Општина Струмица.

Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата на граѓани, Фондации и Еколошки друштва со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите.

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
-корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата на граѓани и фондации;
-корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Струмица;
-остварување на програмите и дејствувањето на корисниците согласно законот, и

Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
- предлог проектите  да кореспондираат со Стратешките – развојни документи на Општина Струмица до 2015 година
- во апликациониот формулар да биде наведено, предлог проектот, со која стратешка цел и приоритет  и во рамките на кој стратешки развоен документ е поврзан.
- за сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 10% од вкупниот буџет на проектот.
- Доделените средства да се користат исклучително за намената за која ќе бидат доделени и на начин определен во предлог проектот.

Времетраење
Предвидениот период за реализација на проектните активности да бидат до 15 декември 2010 год.

Потребна документација која здружението на граѓани и фондацииите треба да ги достават кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации
Покрај пријавата за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондациите која треба да биде пополнета  /со печатни букви во кирилско писмо/ потпишана од застапникот на здружението на граѓани или фондацијата и заверена со печат на здружението на граѓани или фондацијата, здружението на граѓани или фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози:

1.Пополнет „Апликационен формулар со буџет“ кој може да го симнете од следниов линк: http://www.strumica.gov.mk/downloads/javni_povici/formular_zeleni_povrsini.doc
2.Копија од Решението за упис во регистарот на Здруженија на граѓани и фондации,
3.профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти
4. Да достават Годишна програма на активности за 2010 година;
5. Извештај за добиените средства од Општината Струмица во  изминатата фискална година и начинот на нивната реализација.
6.Електронска верзија на предлог проектот –ЦД
Проектната документација треба да биде доставена во 1(еден) оригинал и 2(две) копии

Рок и начин на доставување на пријавите
Крајниот рок за доставување на пријавите е 19.03.2010 година, до 16 часот.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Струмица - Сектор за ЛЕР и Заштита на животна средина
Ул. „Сандо Масев“ Бр.1
2400,Струмица
или во архива на Општина Струмица

На пликот треба да пишува „Не отварај“ и Програма JM,

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Здруженијата на граѓани или фондации учеснички на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од  15 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општината Струмица за 2010 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани и фондации.

Лице за контакт:
Панче Беџовски
Општина Струмица/Одделение за ЛЕР
Тел:034/340 224
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
ЗОРАН ЗАЕВ

 

Сподели