Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Струмица и Копар од Словенија

Општините Струмица и Копaр – Словенија, и официјално од денес се збратимија. Градоначалниците на двете општини, Зоран Заев и Борис Поповиќ, потпишаа Протокол за збратимување на општините и Меморандум за соработка во областа на економијата, културата и спортот.

 

За струмичкиот градоначалник Зоран Заев, Меморандумот предвидува соработка во повеќе области, како што се културата, спортот, но за Струмица најважниот дел е економијата, како и размената на искуствата. Копар важи за најразвиената општина не само во Словенија, туку и во овој јужел дел од Западна Европа, со годишен буџет од 100 милиони евра, и оваа соработка ќе биде од голема помош за успешен развој на општина Струмица.
“Од денеска широко се отворени вратите на Копар за струмичките бизнисмени, посебно во областа на земјоделството, со што нашите земјоделски производи би имале подобра иднина во Копар и регионот на Истра, добар пласман со добри цени, а Копар би можел да биде и центар за снабдување на струмичките земјоделски производи и за останатите региони во Словенија“ – изјави градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.
Делегацијата на општина Струмица во која се и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски и советникот за меѓународна соработка, Ѓоко Ристевски, денеска реализираа и повеќе средби со стопанственици од Копар. За време на средбите беа разменети контакти, кои во иднина би послужиле за продлабочување на соработката помеѓу стопанствениците од двете општини.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544