Советот ја одржа 25-та седница

На денешната 25-та седница на Советот на општина Струмица беа донесени повеќе одлуки од областа на урбанизмот, одлуки, решенија и правилници за работата на градинката „Детска радост“. Советниците го усвоија и извештајот за работата на Центарот  за развој на Југоисточниот плански регион за 2018 година и одлуката за изготвување на пречистен текст на Статутот на општина Струмица.
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544