Решение за свикување на дваесет и осмата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08 – 8034/1, 22.10.2019 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување на дваесет и осмата седница на Советот на Општина Струмица
Ја свикувам дваесет и осмата седница на Советот на општина Струмица за ден 29.10.2019 година (вторник).
Дваесет и осмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од 27 седница на Советот на општина Струмица
 
II
Дневен ред
1. Предлог – Одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2019 година;
2. Предлог - Одлука за одобрување Измена на Извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски;
3. Предлог-Одлука за одобрување трансвер на финансиски средства на ЈПЕД “Струмица-гас“ Струмица;
4. Предлог - Одлука за доделување парична помош на Ристо Христов од Струмица;
5. Предлог - Одлука за утврдување на локации и почетна цена за поставување на рекламни паноа (билборди) и информациони табли на територијата на Општина Струмица;
6. Предлог - Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 41 УЕ 5 - Општина Струмица, плански период 2014 – 2019;
7. Предлог - Програма за за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2019 година;
8. Предлог – Програма за одржување на улиците во град Струмица и населените места, како и локалните патишта во Општина Струмица за 2019/2020 година во зимски услови;
9. Предлог - Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2019 година;
10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 13/1 КО Баница;
11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 8/1 КО Баница;
12. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈПЕД „Струмица-гас“ за 2019 година; и
13. Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица гас“ Струмица за третиот квартал од 2019 година.
 
Совет на општина Струмица
Претседател,
Maрјан Даскаловски
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544