Решение за свикување на дваесет и деветтата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08 – 8506/1, 06.11.2019 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување на дваесет и деветтата седница на Советот на Општина Струмица
Ја свикувам дваесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица за ден 13.11.2019 година (среда).
Дваесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од 28 седница на Советот на општина Струмица

II
Дневен ред
1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2019 година;
2. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2019 година;
3. Предлог - Програма за измена и дополнување на Програмата на Општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2019 година;
4. Предлог - Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2019 година;
5. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2019 година;
6. Предлог - Програма за измена и дополнување на Програмата изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Струмица за 2019 година;
7. Предлог - Програма за за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2019 година;
8. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2019 година;
9. Предлог - Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната заштита и заштитата на децата во 2019 година;
10. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2019 година;
11. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2019 година;
12. Предлог – План на програмите за развој;
13. Предлог – Одлука за определување на надоместок за учество во работата на работни тела, избрани и именувани од Општина Струмица;
14. Предлог - Одлука за измена и дополнување на Одлуката за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2019 година;
15. Предлог - Одлука за дополнување на Одлуката за давање на согласност за издавање под закуп на објекти во сопственост на општина Струмица;
16. Предлог - Одлука за давање на трајно користење на деловни простории на Министерството за труд и социјална политика;
17. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на објект во населено место Куклиш на ЈОУДГ „Детска радост “ во Струмица;
18. Предлог – Одлука за отпочнување со работа и вршење на дејноста - детска градинка на ЈОУГД „Детска Радост“ Струмица, во Куклиш;
19. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на објект во населено место Муртино на ЈОУДГ „Детска радост “ во Струмица;
20. Предлог – Одлука за отпочнување со работа и вршење на дејноста - детска градинка на ЈОУГД „Детска Радост“ Струмица, во Муртино;
21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на
урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1735 КО Свидовица-вон г.р;
22. Предлог-Одлука за усвојување на ЛОД - Методологија - Проект за јакнење на локалната демократија;
23. Програма за работа на Општинска јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица, за 2020 година;
24. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта –Струмица“, за периодот 01.01. 2019 до 30.09.2019 година;
25. Предлог - Одлука за пристапување кон измена и дополнување на Статутот на општина Струмица;
26. Нацрт – Одлука за измена и дополнување на Статутот на општина Струмица;
27. Предлог - Одлука за доделување парична помош на Демирјаша Шавлев од Струмица; и
28. Предлог - Одлука за доделување парична помош на ДПТУ „Сапунџиеви КВ“ ДООЕЛ од с.Вељуса.
 
Совет на општина Струмица
Претседател,
Maрјан Даскаловски с.р.
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544