Огласна табла

Јавен повик за избор на консултант за изработка на „Програма за развој на социјално претприемништво„

Општина Струмица распишува јавен повик за избор на консултант за изработка на Програма за развој на социјално претприемништво.
За да ја видете целата содржина на јавниот повик посетете го следниов линк.

Одлуки за организирање на јавни анкети, јавни презентации и соопштенија

1. Одлука за организирање јавна анкета и јавна презентација за Измена и дополна на ДУП за дел од блок 8 - УЕ6 (КП 108/2) КО Струмица. - линк

2. Одлука за организирање јавна анкета и јавна презентација за Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 23 и дел од Блок 24, У.Е.9 по ГУП за град Струмица. - линк

3. Одлука за организирање јавна анкета и јавна презентација за одобрување на УПВНМ за КП.1480, КП 1481 дел од КП 1483/1, КП 1483/2, КП 1483/4, КП1483/5, КП 1483/6, КП 1483/7, КП 1483/13, КО Гр.Балдовци - линк

4. Одлука за организирање јавна анкета и јавна презентација за одобрување на УПВНМ за изградба на објекти со основна класа на намена Г4-стоваришта на КП 722 КО Попчево - линк

Јавен повик за изработка на елаборат за Енергетски ефикасни фасади за објекти за колективно домување на територијата на Општина Струмица

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен Весник на Р.М.” бр.05/02), се со цел за остварување на целите и имплементација на активностите предвидени со проектот „Енергетски ефикасни фасади“ за објекти за колективно домување, Градоначалникот на Општина Струмица, објавува: 
 
Јавен повик за изработка на елаборат за Енергетски ефикасни фасади за објекти за колективно домување на територијата на Општина Струмица
 
1. Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниов линк.
2. АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРОЕКТ „ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ФАСАДИ“, Општина Струмица - линк.

Конкурс за доделување на Годишна награда и животно дело на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” (2)

Врз основа на член 10 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 5/06) и член 28 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Струмица “Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 19/07, 23/09 и 25/09), Комисијата за општествени дејности при Советот на Општина Струмица, распишува:

Организирање на втора јавна анкета и јавна презентација за изработка на Урбанистички план за село Дабиља

1. Одлука за организирање на втора јавна анкета и јавна презентација за изработка на Урбанистички план за село Дабиља. - линк

2. Решение за формирање на Комисија за спроведување на втора јавна анкета и јавна презентација за изработка на Урбанистички план за село Дабиља. - линк

3. Соопштение за организирање на втора јавна анкета и јавна презентација за изработка на Урбанистички план за село Дабиља со површина од 121,98 Ха. - линк

Одлуки за организирање на втора јавна анкета, јавна презентација и решение за комисија

1. Одлука за организирање на втора јавна анкета и јавна презентација за измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 36 УЕ 5 на град Струмица, Решение за формирање на Комисија за спроведување на втора јавна анкета и јавна презентација за измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 36 УЕ 5 на град Струмица - ЛИНК

1.1 Соопштение за организирање на втора јавна анкета и јавна презентација за измена и дополнување  на Деталниот урбанистички план за дел од  блок 36 УЕ 5 на град Струмица, Општина Струмица со површина од 48782,89 м2 - ЛИНК

2. Одлука за организирање на втора јавна анкета и јавна презентација за измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 37 - УЕ 5 на град Струмица, Решение за формирање на комисија за спроведување на втора јавна анкета и јавна презентација - ЛИНК

2.1. Соопштение за организирање втора јавна анкета и јавна презентација за измена и дополнување на деталниот урбанистички план за дел од блок 37 - УЕ 5 на град Струмица со површина од 37078,93 м2 - ЛИНК

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 90/17, 64/18 и 168/18) и член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), Градоначалникот на општина Струмица, распишува:
Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови
1. Секое заинтересирано правно и физичко лице во текот на јавниот повик може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови, согласно член 7 став 1 точка 2 алинеи 2, 3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, односно за изработка и донесување на:

Одлуки за организирање на јавни анкети, Јавна презентација и решение за комисија

1. Одлука за организирање јавна анкета за измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 42 УЕ 5 по ГУП за град Струмица, Одлука за организирање јавна презентација за измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 42 УЕ 5 по ГУП за град Струмица, Решение за формирање на Комисија за спроведување на јавна презентација и јавна анкета - ЛИНК

1.1 Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација за измена и дополнување  на Деталниот урбанистички план за дел од  блок 42 УЕ 5 по ГУП за град Струмица, Општина Струмица со површина од 2,08 ха - ЛИНК

2. Одлука за организирање јавна анкета за одобрување на Урбанистички план за село Добрејци, Одлука за организирање на Јавна презентација за одобрување на Урбанистички план за село Добрејци, Решение за формирање на комисија за спроведување на јавна анкета и јавна презентација - ЛИНК

2.1. Соопштение за организирање јавна анкета и јавна презентација за одобрување на Урбанистички план за село Добрејци, Општина Струмица со површина од 101.20Ха - ЛИНК

Прва форумска сесија од програмата Форуми во заедницата

Ве покануваме на Првата форумска сесија што ќе се одржи на ден 03.10.2019 година (четврток) во 18:00 часот во ДОМ на АРМ (Голема Сала). Првата буџетска форумска сесија е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2019/2020 година.
Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на Буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината.
На првата буџетска форумска сесија ќе имате можност да се запознаете со процесот на буџетирање и структурата на буџетот на општината, како и со реализираните приоритети за развој на Општина Струмица за 2019 година.
Вашето присуство, активно учество и Вашиот придонес ќе биде од особено значење за успешно спроведување и реализација на Форумот во заедицата - Буџетски форум во Општина Струмица 2019/2020 година со што ќе ја потврдиме транспаретноста и партиципативноста на граѓаните во креирање на општинските политики и креирање на општинскиот Буџет.
Прилог:
1. Агенда - линк
2. Покана - линк

Страница 1 од 10

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544