Соопштение за повторно објавување на јавен повик

undp logoeu logoСе известуваат сите граѓански организации што аплицираа на „Јавниот повик за граѓански организации за поднесување на предлог проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)” во општина Струмица, кој беше отворен од 19 март 2018 до 16 април 2018, дека повикот е поништен и ќе биде повторно објавен во септември/октомври 2018. 
Повикот ќе биде отворен за сите граѓански организации од општина Струмица. Имајќи ги предвид научените лекции од првиот повик, а со цел јакнење на капацитетите на граѓанските организации и нивно подобро подготвување за новиот повик, ќе бидат организирани нови инфо сесии и дополнителни обуки/менторства за заинтересираните граѓански организации.
Информациите за новиот јавен повик и за сите останати активности поврзани со повикот ќе бидат објавувани на интернет страниците на општина Струмица и на УНДП.
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544