Под мотото „Заедно можеме повеќе“ СОУ „Никола Карев“ од Струмица реализираше заедничка активност со СОУ „Сарај“ од општина Сарај

Со заеднички активности преку ликовно изразување и јавен спортски час, ученици и наставници од средното општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица со партнер училиштето „Сарај“ од општина Сарај, со посета на Џамијата и Црквата „Свети Петнаесет“ во Струмица, реализираа заедничка ликовна активност, а средбата ја продолжија со јавен спортски час во спортската сала на училиштето.Оваа активност е дел од финансиската поддршка што општина Струмица ја обезбедува за меѓуетничка интеграција во образованието на сите основни и средни општински училишта од Струмица.


© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544