Советот на општина Струмица ја одржа 20-та седница

Денеска се одржа 20-та седница на Советот на општина Струмица на која што беа усвоени предлог – одлуки и програми од повеќе области. Зелено светло од советниците добија предлог - одлуките за утврдување на приоритет и сопствено учество во проектите за атмосферски канал во селото Габрово и за фаза 2 -електрична инсталација и опрема на улица со шеталиште во селото Градско Балдовци.

Беа усвоени и анексот кон Спогодбата за начинот и условите за заедничко организирање на извршувањето на линискиот превоз на патници за општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село, Акциониот  план во областа вработување, домување, образование и здравство за периодот 2019-2021 година, предлог - програмата за  дополнување на  Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2019 година и Правилникот за организирање и реализација на струмички карневал. На денешната седница на Советот беше усвоена и информацијата за состојбата на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Струмица за втората половина од минатата година.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544