Општина Струмица ја одбележа „Европската недела на мобилност“

По повод светскиот ден без автомобили, 20 септември, а во рамките на „Европската недела на мобилност“, денеска, се одржа дефиле со велосипеди под мотото „Пешачи со нас“. Во своето обраќање до учесниците на дефилето на плоштадот „Гоце Делчев“, градоначалникот Коста Јаневски упати апел за поголемо користење велосипеди, како и за пешачење кои се во функција на намалување на штетните гасови од автомобилите, намалување на последиците од климатските промени, а со тоа и зачувување на нашето здравје.  Иако нашава денешна акција има повеќе симболично значење, се надевам дека сите ќе сфатиме дека повеќе денови во годината без автомобили се добри за сите нас но и за нашата заедничка планета. Ајде повеќе да возиме велосипеди. Ајде повеќе да пешачиме. Ем ќе бидеме поздрави, ем ќе имаме можност почесто да се среќаваме како пријатели, порача градоначалникот Јаневски.
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544