И во новата грејна сезона ќе се субвенционираат новите приклучоци на гасоводната мрежа

Општина Струмица и годинава ќе продолжи со субвенционирањето на новите приклучоци на гасоводната мрежа во износ од 100 евра во денарска противредност од 600 евра колку што чини приклучокот на мрежата. На вчерашната 27-ма седница на Советот, општина Струмица уште еднаш ја потврди својата поддршка на овој проект со донесување на одлука за субвенционирање на граѓаните со 100 евра во денарска противредност за ново приклучени корисници.

Во овој период, пред грејната сезона, работиме на 20 нови приклучоци, а планирани се приклучувања на гасоводната мрежа и на болницата и Секторот за внатрешни работи во Струмица со поддршка на Општината и Владата, изјави денеска директорот на ЈПЕД „Струмица гас“, Благој Милановиќ, кој најави проширување на гасоводната дистрибутивна мрежа за нови 7 километри.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544