Со финансиска поддршка од општина Струмица, во училиштата реализирани активности за унапредување на меѓуетничката интеграција и интеркултурната комуникација

Со цел да ја поддржи реализацијата на заеднички ученички активности за меѓуетничка интеграција во основните и средните училишта, општина Струмица за секоја буџетска година обезбедува финансиски средства како еднократна финансиска поддршка за секое основно и средно училиште, кое реализира одделни заеднички ученички активности кои ја промовираат меѓуетничката интеграција и интеркултурната комуникација во училиштата и локалната заедница. Според планираните програмски активности во годишните програми на училиштата, најчесто се реализираат активности преку ученичките секции, со проекти, спортски активности, презентации, приредби, посети на културно-историски споменици, заеднички наставни часови и взаемни посети на партнерски училишта за реализација на наставни и воннаставни активности. Во овој период, заеднички взаемни посети, со реализација на планираните активности, спроведоа општинските основни училишта „Герас Цунев“ од Просениково, „Гоце Делчев“ од Вељуса, „Маршал Тито“ од Муртино и „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље. Општина Струмица, според начелата и принципите од донесените стратешки документи, активно учествува во проектите кои промовираат унапредување на меѓуетничката интеграција и соработка на училиштата со локалната заедница.
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544