Решение за свикување триесет и првата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08-9791/1, 18.12.2019 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување триесет и првата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам триесет и првата седница на Советот на општина Струмица за ден 25.12.2019 година (среда).
Триесет и првата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот:
Дневен ред
1. Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2020 година;
2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2020 година;
3. Предлог –Програма за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2020 година;
4. Предлог- Програма за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2020 година;
5. Предлог-Програма за активностите на општина Струмица во областа на меѓународна соработка за 2020 година;
6. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2020 година;
7. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2020 година;
8. Предлог - Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2020 година;
9. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2020 година;
10. Предлог-Програма за одржување на јавната чистота во 2020 година;
11. Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица за 2020 година;
12. Предлог - Програма за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2020 година;
13. Предлог -Програма за заштита од штетно дејство на водите за 2020 година;
14. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2020 година;
15. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2020 година;
16. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2020 година;
17. Предлог - Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2020 година;
18. Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2020 година во Општина Струмица;
19. Предлог - Програма за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2020 година;
20. Предлог-Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2020 година;
21. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2020 година;
22. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2020 година;
23. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2020 година;
24. Предлог - Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2020 година;
25. Предлог - Одлука за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2020 годинa;
26. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патниците на подрачјето на општина Струмица;
27. Предлог-Одлука за основање на Општински совет за социјална заштита;
28. Предлог - Одлука за доделување парична помош на Арзи Исинова од Струмица
29. Предлог – Програма за поставување на урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2020 година;
30. Извештај за реализацијата на Струмичкиот карневал - 2019 година;
31. Програма за подготовка и реализација на Струмичкиот карневал – 2020 година;
32. Програма за работа на ЈП „Паркиралишта-Струмица” за 2020 година;
33. Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПЕД „Струмица-гас“ Струмица;
34. Програма за работа на ЈПЕД „Струмица –гас” за 2020 година;
35. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период I-IX месец 2019 година;
36. Програма за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица за 2020 година
37. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.1362 и КП бр.1363 КО Добрејци;
38. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.1411 КО Добрејци;
39. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.1153 КО Попчево;
40. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за дел од КП бр.3986, дел од КП бр.3985 и дел од КП бр.3980 КО Муртино-вон г.р.; и
41. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување наурбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 2699 КО Банско-вон-гр;.
Претседател,
Марјан Даскаловски
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544