Решение за свикување на дваесет и осмата седница на Советот на Општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Јаневски: Задоволен сум од сработеното во првата половина од мојот мандат
Градоначалникот Коста Јаневски денеска одржа средба со претставниците на медиумите на која што ги информираше за проектите реализирани во првата половина од неговиот мандат, како и за проектите кои што ќе бидат приорите во наредниот период. Поминаа две години од мојот градоначалнички мандат и сакам да ги информирам граѓаните за поголемите проекти кои што ги реализиравме во овој период.
Јаневски:Општината го потврдува партнерскиот однос со граѓанските организации и ги мотивира да креираат проекти
Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, го поздрави завршувањето на проектот „Струмица како културна – историска туристичка дестинација“ на здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ – Транзен. При тоа тој истакна дека поддржувајќи го овој проект со 20 насто од неговиот вкупен буџет, Општината го потврдува партнерскиот однос со граѓанските организации и ги мотивира да креираат проекти со кои се унапредува развојот на Струмица.
Градоначалникот Јаневски ги презентираше економските потенцијали пред почесните конзули акредитирани во странство
Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, пред почесните конзули на Република Северна Македонија, акредитирани во странство, ги презентираше економските потенцијали на општина Струмица. Тој ја побара нивната помош за подобра промоција и пласман на струмичките производи, но и за услугите на струмичките компании. Градоначалникот Јаневски потенцираше дека во сите дипломатско конзуларни претставништва на нашата држава во странство ќе биде доставен Каталог во кој се претставени најуспешните извозно – ориентирани претпријатија од Струмица.
Покана за втора форумска сесија

Првачињата од основните општински училишта станаа членови на Детската организација
