Седници на совет

Се одржа 24-та седница на Советот на општина Струмица

Советот на општина Струмица, денеска ја одржа 24-та седица на која на дневен ред беа четири точки, а најголем интерес советниците покажаа за советничките прашања на кои што одговараа градоначалникот Коста Јаневски и неговите соработници.

Решение за свикување на дваесет и четвртата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08- 4257 /1, 05.06.2019 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Буџетот на општина Струмица во првиот квартал има реализација од 21,40 проценти

Советот на општина Струмица, денеска, ја одржа 23-та седница на која што беа усвоени повеќе предлог одлуки, извештаи и програми. Посебно сакам да ја нагласам точката за кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2019 година, кој од сите советници беше оценет како позитивен бидејќи имаме 21,40 проценти од извршувањето во првиот квартал. Ова значи дека според планираната динамика се полни буџетот на општина Струмица и треба да бидеме задоволни бидејќи знаеме дека секогаш првиот е најслаб квартал и споредбено со другите години, оваа година имаме одличен процент и ако продолжи така со оваа динамика, извршувањето на буџетот може да достигне и сто проценти до крајот на годината.

Решение за свикување дваесет и третата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08-3777/1, 22.05.2019 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување дваесет и третата седница на Советот на Општина Струмица
Ја свикувам дваесет и третата седница на Советот на општина Струмица за ден 29.05.2019 година(среда).
Дваесет и третата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

Денеска се одржа 22-та седница на Советот на општина Струмица

Советот на општина Струмица, денеска, ја одржа 22-та седница, а на дневен ред беа 31 точка. Претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, рече дека на седницата се донесени повеќе одлуки, решенија, годишни сметки и извештаи од повеќе области и институции, а седницата се одржа без советниците од ВМРО ДПМНЕ.

Решение за свикување дваесет и втората седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08- 2623 /1
04.04.2019 год. Струмица
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Советот на општина Струмица ја одржа 21-та седница

На денешната 21 седница на Советот на општина Струмица, беа усвоени повеќе предлог извештаи, одлуки, и програми на Општината, јавни претпријатија и локални институции. Беа изгласани кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2018 година, годишниот извештај на Општината и предлог-завршната сметка на буџетот за  2018 година, како и извештаите за реализација на Програмите за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  општина Струмица за 2018 година,  за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици,

Советот на општина Струмица ја одржа 20-та седница

Денеска се одржа 20-та седница на Советот на општина Струмица на која што беа усвоени предлог – одлуки и програми од повеќе области. Зелено светло од советниците добија предлог - одлуките за утврдување на приоритет и сопствено учество во проектите за атмосферски канал во селото Габрово и за фаза 2 -електрична инсталација и опрема на улица со шеталиште во селото Градско Балдовци.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544