Огласна табла

Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација

Се организира јавна анкета и јавна прeзентација на АУП за промена на границите помеѓу градежните парцели ГП бр.14-14 и ГП бр.14-12 дел од блок14 УЕ општина Струмица - линк

Јавен повик

Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како член во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на јавен повик на приоритетните области: „ Локален економски развој, Социјална заштита, Заштита на животната средина, Образование, Млади, Родова еднаквост и човекови права“ од Здруженија и Фондации од Општина Струмица за 2019 година за финансирање од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од Буџетот на Општина Струмица за 2019 година и од Програмaта V2 Програма за Социјална заштита од Буџетот на Општина Струмица за 2019 година. Целосниот јавен повик може да го видите на следниов линк.

Соопштение

Се организира јавна анкета и јавна презентација за одобрување на проектна програма за АУП за промена на границите на ГП бр. 49.5.1, ГП бр. 50.5.1 и ГП бр. 51.5.1 дел од блок 5 УЕ1 КО Струмица, општина Струмица. За целосното соопштение кликнете на следниов линк.

ЈАВЕН ПОВИК, програма V2, 2019г.

За прибирање предлог проектни активности од Годишни Програми на Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица во рамките на „Социјална заштита“ за 2019 година за финансирање од Програмaта V2 Програма за Социјална заштита од Буџетот на Општина Струмица за 2019 година.

ЈАВЕН ПОВИК, програма G1, 2019г.

За прибирање предлог проекти во рамките на приоритетните области: “ Локален економски развој, Социјална заштита, Заштита на животната средина, Образование, Млади, Родова еднаквост и човекови права“ од Здруженија и Фондации од Општина Струмица за 2019 година за финансирање од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од Буџетот на Општина Струмица за 2019 година.

Јавен повик за членови на иницијативен одбор за создавање на локален младински совет во општина Струмица

Општина Струмица распишува повик за членови на иницијативен одбор во  општина Струмица, Република Северна Македонија, кои ќе бидат дел од иницијативата за основање локален младински совет во општина Струмица.

Главната цел на формирањето на локален младински совет е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општината, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на носење одлуки. Капацитетите на локалниот младински совет ќе бидат зајакнати преку обуки помогнати и поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Страница 1 од 11

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544