Огласна табла

Одлука и формулар за неспроведување на стратегиска оцена

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за дел од урбан блок 4 - линк
Формулар за SEA за дел од урбан блок 4 - линк

ИСПРАВКА НА ОБЈАВА број 1/2019

Врз основа на член 56 од Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/15, 98/15, 193/15, 226/15, 31/16, 142/16 и 190/16), Комисијата за спроведување на постапка за јавно наддавање при Општина Струмица, формирана од Градоначалникот на Општина Струмица со Решение бр. 09-10575/1 од 25. 12. 2018 година, врши ИСПРАВКА НА ОБЈАВА број 1/2019, линк
 

ОБЈАВА број 1/2019 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Струмица

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија. Објавата може да ја превземете на следниот линк.

Јавен повик За користење на заштитен Географски назив и Сертификатна марка

Општина Струмица ги повикува сите заинтересирани здруженија на граѓани и правни лица да поднесат Барање за признавање на правото на користење на брендирани производи од други шумски производи со потекло од Беласица.   Како носител на правото на заштита на производи означени со географски назив и географска ознака (Беласички костен, Беласички вргањ и Беласичка боровинка) и производи означени со сертификатна марка Беласица планински производ“ (15 вида други шумски производи и нивни преработки),

Јавен повик во рамките на Програмата Општинско – корисна работа

Oпштина Струмица оваа година по четврти пат објавува Јавен повик во рамките на Програмата Општинско – корисна работа со проект под наслов „Лични и образовни асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“.
Проектот е поддржан и финансиран од страна на УНДП, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РСМ и Локалната самоуправа на Општина Струмица.

Соопштение за организирање на јавна анкета и презентација

Врз основа на член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ број број 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10,1/15, 8/18 и 16/19) Градоначалникот на општина Струмица, објавува:
СООПШТЕНИЕ
Се организира јавна анкета и јавна презентација за изработка на Урбанистички план за село Дабиље, Општина Струмица со површина од 121.98 Ха со плански опфат село Дабиље на подрачјето на КО Дабиље.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544