Огласна табла

ЈАВЕН ПОВИК, програма V2, 2019г.

За прибирање предлог проектни активности од Годишни Програми на Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица во рамките на „Социјална заштита“ за 2019 година за финансирање од Програмaта V2 Програма за Социјална заштита од Буџетот на Општина Струмица за 2019 година.

ЈАВЕН ПОВИК, програма G1, 2019г.

За прибирање предлог проекти во рамките на приоритетните области: “ Локален економски развој, Социјална заштита, Заштита на животната средина, Образование, Млади, Родова еднаквост и човекови права“ од Здруженија и Фондации од Општина Струмица за 2019 година за финансирање од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од Буџетот на Општина Струмица за 2019 година.

Јавен повик за членови на иницијативен одбор за создавање на локален младински совет во општина Струмица

Општина Струмица распишува повик за членови на иницијативен одбор во  општина Струмица, Република Северна Македонија, кои ќе бидат дел од иницијативата за основање локален младински совет во општина Струмица.

Главната цел на формирањето на локален младински совет е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општината, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на носење одлуки. Капацитетите на локалниот младински совет ќе бидат зајакнати преку обуки помогнати и поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на ReLOaD проектот во општина Струмица

eu undp
Главната цел на проектот ReLOaD, кој е финансиран од Европската унија, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), е јакнење на партиципативната демократија и процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а преку оспособување на граѓанските организации активно да учествуваат во процесот на донесување одлуки. 
Целосната содржина на јавниот повик е достапна на следниов линк.

Обука за собирачи и преработувачи на други шумски производи, Банско, 18 април 2019 година

 
 
 
 
 
This project is funded by the European Union and implemented in partnership with UNDP and the Ministry of Environment and Physical Planning.
Проектот  „ЗАШТИТА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ И БРЕНДИРАЊЕ НА  ШУМСКИТЕ ПЛОДОВИ НА БЕЛАСИЦА“ организира еднодневна обука за собирачи, откупувачи и преработувачи на други шумски производи од регионот на планината Беласица, на ден 18 Април 2019 година, во Хотел „ЦАР САМУИЛ“ во Банско, со почеток во 11.00 часот.
Целосното известување може да го видите на следниов линк.

ЈАВЕН ПОВИК за основање и започнување со работа на установа за социјална заштита "Шелтер центар за згрижување и заштита на жртви на семејно насилство во општина Струмица"

Општина Струмица распишува Јавен повик за прибирање на предлог проектна иницијатива од локална граѓанска организација заради реализација на проект за справување со проблемот со жртвите на семејно насилство, односно Основање и започнување со работа на установа за социјална заштита “Шелтер центар за згрижување и заштита на жртвите на семејно насилство во Општина Струмица”.
Проектот ќе се реализира во партнерска соработка помеѓу Општина Струмица и избраната граѓанска организација.
 
Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниов линк.
 
Основни документи:
Анекс 1. Пријава за предлог проектна иницијатива - линк
Анекс 2. Логичка рамка - линк
Анекс 3. План за активности и видливост - линк
Анекс 4. Преглед на буџет - линк
 
Дополнителни документи:
Анекс 1. Правила за реализација на проектот - линк
Анекс 2. Формулар со административни податоци за подносителот - линк
Анекс 3. Формулар со финансиски податоци за подносителот - линк
Анекс 4. Изјава за подобност - линк
Анекс 5. Изјава за релевантност на приложените биографии на целокупниот планиран/вклучен човечки ресурс во реализација на проектот - линк
Анекс 6. Листа за проверка - линк
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544