Сектор за правни и општи работи

Секторот за правни и општи работи ги врши следните работи:
- подготвување акти за Советот и Градоначалникот,
- ги подготвува седниците на Советот и седниците на неговите работни тела,
- врши стручни работи за Советот и Градоначалникот,
- ракува со документи на општината и ги чува се до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на РМ,
- дава мислење на актите од аспект на нивната законитост
- ги спроведува целокупните постапки за јавни набавки од секаков вид

Раководител: Борис Димитријев, тел.034 348030

Одделението за правни и општи работи, ги врши работите што се однесуваат на:
- изготвување на одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот,
- дава мислења на актите од аспект на нивната законитост,
- ги следи прописите и нивните измени и дополнувања,
- врши стручни и организациони работи за Советот и градоначалникот,
- ракува со документите на општината,
- врши одржување и унапредување на информатичко- комуникациските системи на општината,
- го изготвува службеното гласило на општината,
- работи и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.

Раководител: Јорданка Заева, Тел. 034/348-030

Одделението за јавни набавки ги врши следните работи:
- ја следи законската регулатива која се однесува на јавните набавки;
- подготвува годишен план за јавни набавки и води грижа за неговото спроведување;
- ги утврдува начинот на постапката на вршење на јавна набавка во зависност од видот и вредноста на набавката согласно Законот за јавните набавки;
- ја изготвува целокупната докумантација потребна за јавите набавки;
- ја следи работата на комисијата за јавни набавки и дава стручна и техничка помош;
- изготвува договори за јавните набавки и го следи нивното спроведување;
- предлага мерки и активности за спречување на јавни набавки надвор од годишниот план и средствата предвидени со Буџетот на општината;
- води регистар на јавните набавки;
- води регистар на добавувачи на општината;
- врши и други работи што ќе му бидат доверени од страна на Советот и Градоначалникот.
 
Раководител: ,
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544