Сектор за поддршка на градоначалникот

Секторот за поддршка на Градоначалникот ги врши следниве работи:
- ги следи законите и другите прописи од надлежност на општината, а посебно од надлежност на Градоначалникот,
- соработката на Општината со збратимените градови;
- организирање на работни и други средби на градоначалникот;
- координирање на мерки и активности со протоколи на домашни и странски делегации;
- организирање јавните настапи на градоначалникот во средствата за јавно информирање, конференции, трибини и сл;
- врши други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
- организирање на работни и други средби
- соработува со урбаните и месните заедници од општините
- организира непосреден контакт на граѓаните со органите на општината
- врши и други работи доверени од Градоначалникот

Помошник раководител: Костадинка Шарламанова
 
Одделението за административна поддршка на Градоначалникот, ги врши работите што се однесуваат на:
- ги следи Законите и другите прописи од надлежност на општината, а посебно од надлежност на Градоначалникот,
- го планира и организира работниот протокол на Градоначалникот и се грижи за негово извршување,
- изготвува известувања за јавноста за работи од надлежност на Градоначалникот,
- врши и други работи доверени од Градоначалникот.

Раководител: Љупка Цикарска
 
Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа, ги врши работите што се однесуваат на:
- врши непосреден контакт со граѓаните и облиците на месната самоуправа;
- дава усни правни совети на граѓаните и им помага и укажува на начинот на остварување на нивните права;
- дава информации на граѓаните за областите за кои е надлежна општината;
- го мери задоволството на граѓаните од работата на општинската администрација;
врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.
Раководител:
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544