Надлежности на советот


- Го донесува статутот на општината и други прописи;
- Донесува буџет и годишна сметка на општината;
- Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките на законот;
- Основни јавни служби во рамките на надлежностите на општината и врши надзор на нивната работа;
- Именува членови во управните одбори на јавните служби кои ги основа;
- Усвојува програми за работи и финансиски планови за финансирање на јавните служби кои ги основа;
- Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење;
- Ги освојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби кои ги основала општината;
- Одлучува за начинот на располагање со сопственост на општината;
- Одлучува за начинот на вршење финансиска контрола на буџетот на општината;
- Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народен правобранител;
- Може да дава препораки на раководни лица на п.е. на Министерството за внатрешни работи за јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот.

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544