Генерален урбанистички план

Измени и дополнувања на Генерален Урбанистички План на град Струмица

Генералниот урбанистички план за град Струмица е донесен во 2002 година , а Измените и дополнувањата на истиот се донесени со одлука  на Советот бр. 07-4826/10 на 18/07/2006 година.
Со Измените и дополнувањата површината на урбаното подрачје на град Струмица е зголемена за 165 Ха и истата изнесува 1061 Ха.
Направени се и одредени корекции на траси на коридори од инфраструктура, како и внесување на каналите  за зафаќање на поројните дождови.
Површината која во ГУП беше со специјална намена (поранешната касарна) сега доби друга намена ,односно делови од истата се наменети за домување, за јавни објекти, за комерцијални објекти и за спорт и рекреација.
Овие Измени и дополнувања ќе помогнат во имплементацијата и реализацијата  на Генералниот урбанистички план , а со тоа и во целокупниот економски и социјален развој на општината.




izmena_dopuna_GUP.pdf
[превземи]

 

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544