Проект „Заштита од дискриминацијата на локално ниво“ и Формирање на Локално Координативно тело за заштита и спречување на дискриминација на Општина Струмица во рамки на Проект „Заштита од дискриминацијата на ЛГБТИ на локално ниво“

Општина Струмица и Х.Е.Р.А.- Асоцијација за здравствена едукација и истражување, потпишаа меморандум за соработка во март 2016 година, кој беше првиот чекор од соработката помеѓу двете организации. Меморандумот беше во траење од 2 години и на основа на заклучоците од повторната средба со Градоначалникот Коста Јаневски на 25.12.2017 и претставничките од ХЕРА одлучено е соработката да продолжи и потпишан е нов меморандум за соработка во април 2018.

Меморандумот за соработка се однесува за заедничко спроведување активности за заштита и спречување на дискриминација во рамки на проектот „Заштита од дискриминацијата на локално ниво“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Партнери во спроведување на проектот се и Народниот Правобранител на Република Македонија, Министерството за правда, Комисијата за заштита од дискриминација и Коалиција СЗПМЗ.
До сега, во рамки на проектот се спроведоа повеќе активности како истражување за проценка на потребите на локалните механизми за заштита од дискриминација, координативни состаноци, обуки за градење на капацитетите, студиска посета во Утрехт Холандија и процес за изработка на протокол на локално ниво за зајакната соработка помеѓу институциите во заштитата од дискриминација. Во овој процес особено се разви соработка на координаторот за еднакви можности на Општина Струмица со Народниот правобранител, граѓански организации за заштита од дискриминација и Министерството за правда, како и со институции и организации кои на локално ниво во Струмица работат на различни аспекти за подобрување на состојбите за заштита од дискриминација, пристап до правда и еднакви можности.
Во рамки на заедничките координативни состаноци претставниците од Општина Струмица, Народен Правобранител, Министерството за правда и граѓанските организации дадоа предлог за формирање на Локално координативно тело за заштита од дискриминација, со цел зајакнување на соработката помеѓу институциите, градење на проактивен пристап кон заштитата од дискриминација и еднаквите можности, зголемена комуникација и размена на информации и преземање на заеднички промотивни и превентивни активности. Овој предлог беше позитивно оценет, па експерти од Комисијата за заштита од дискриминација и Коалицијата „СЗПМЗ“ Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници составија протокол за унапредување на соработката.
Локалното координативно тело за заштита од дискриминација претставува мултисекторско постојано тело во кое членуваат претставници од различни институции и граѓански организации, разменуваат информации и преземаат заеднички активности и помагаат при поуспешно спроведување на Законот за еднакви можности и Законот за заштита од дискриминација на локално ниво. Координативното тело работи преку состаноци кои ги свикува координаторот за еднакви можности на Општина Струмица најмалку два пати годишно, и при тоа има поддршка од страна на граѓанските организации и другите институции. Координативното тело работи согласно Протоколот за унапредување на соработката, самостојно, но во координација со Општина Струмица и останати релевантни институции и организации.
Бидејќи се работи за мултисекторско тело, претставниците на институциите беа номинирани од страна на самите институции, додека претставниците на граѓанските организации беа избрани од страна на Општина Струмица по објавен оглас.
Како дел од активностите кои се реализираа од овој проект беше изработка на промотивен материјал –флаери, брошури за превенција и подигање на свеста кај локалното население за заштита од дискриминација и почитување на човековите права и слободи. Во рамки на кампањата на 28.02.2017 година се одржа и настан –тркалезна маса со наслов „Унапредување на заштитата од дискриминација на локално ниво во општина Струмица“ на која беа поканети сите граѓани и релевантни актери во оваа област. Настанот беше организиран и поддржан од Општина Струмица во соработка со Асоцијација за здравствена едукација и истражување- ХЕРА, Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници на тркалезната маса се промовира и видео спотот од кампањата против дискриминација и формирањето на локалното координативно тело за заштита од дискриминација.
Исто така како дел од активностите се и обезбедување на обука на членовите на ЛКТЗД од страна на партнерите во проектот ХЕРА во Велес каде Локалното координативно тело изработи акциски план со конкретни активности за реализација во 2018-2019 година. Исто така редовно се одржуваат состаноци на телото и се работи на решавање на проблеми кои ги имаат граѓаните доколку има случај од било каков вид на дискриминација на локално ниво.
На седницата на Совет на Општина Струмица одржана на 12.07.2018, се донесе Одлука за донесување на Акцискиот план за заштита и спречување на дискриминација на Општина Струмица, по што ќе се продолжи со реализирање на активностите од Акцискиот план во текот на 2018 и 2019 година.
 
Документи:
1. Одлука за донесување на акциски план за заштита и спречување на дискриминација на Општина Струмица, линк
2. Акциски план за заштита и спречување на дискриминација на Општина Струмица, линк

Изработил:
Софче Иванова
Заменик Координатор за еднакви можности на жените и мажите при Општина Струмица
Датум: 23.07.2018
© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544