Доцноантичка урбана палата Мачук


Објектот во самиот центар на градот, тнр. "Мачук", претставува мал сегмент од некогашниот антички град во старото урбано јадро на Струмица. Овде се пронајдени основи од повеќе објекти кои се пластеле низ вековите. Со оглед на местоположбата, големината, архитектонската концепција на просториите како и остатоците од ентериерот, мозаици и фрескоживопис, може слободно да се каже дека објектот е урбана палата од времето на IV-VI век.



Со него се прошируваат и надополнуваат сознанијата за доцноантичка населба подигната во стариот дел на денешна Струмица, каде се одвивал континуиран културен и духовен живот.
Декоративната концепција на мозаиците од локалитетот Мачук, заедно со мозаичните декоративни елементи на лок. Св. Петнаесет Тивериополски Маченици, претставуваат специфично согледување на уметничкиот израз во доцната антика во градот и пошироко во Македонија

© 2005-2019 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544